Сподели

Saturday 9 July 2011

Раткова Скала на прв поглед

Интегралната целина Раткова Скала која припаѓа на општината Пробиштип се протега на нај југо-западниот дел од Осоговскиот планински масив. Оваа област зафаќа 11,500 хектари.


На картата на Република Македонија, регионот се наоѓа источно од Пробиштип.
Во регионот се вкучени Раткова Скала, с. Ратковица, с. Шталковица, с. Зеленград со Орлов Камен, с. Јамиште и с. Емирица. Највисок врв е врвот Панаѓур кој е на 1669м надморска височина.


Раткова Скала како целина е во процес на заштитување како споменик на природата - локацијата е вклучена во програмата на владата, а објавена е и официјална информација од страна на Секторот за Природа при МЖСПП за потребата да се заштити регионот.


Областа изобилува со бројни природни богатства меѓутоа е значајна и за екстензивното земјоделство со високи природни вредности.